На денешен ден 1879 година, во с. Мачуково, гевгелиско се раѓа еден од најголемите македонски револуционери, учесник во македонското револуционерно движење, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание, легендарниот Леонид Јанков. Низ историјата овој војвода остава еден голем белег за јунаштвото и за тоа како се брани татковината, а неговата судбина е опеана и во познатата песна „Трба трби Гевгелија“
Уште многу млад поминувајќи време покрај својот татко, тој се запознал со идеите и целите на Организацијата на која подоцна и го посветил својот живот.
Кога наполнил 22 години, Организацијата предводена од македонсиот војвда Христо Чернопеев учествувала во првата поголема борба во селото Бајалци, таа била опколена со 500 турски аскери, но и самите османлии биле изненадени од отпорот на востаниците. По битката многу селани биле затворени меѓу кои и Леонид Јанков.
Не можејки да ја докажат револуционерната активност на Јанков, по 6 месеци тој излегол на слобода. Мештаните имале многу голема почит кон него, а Турците се плашеле бидејки знаеле дека носи оружје и е добар стрелец.
Знаејки за предавствата на некои Македонци, поради кои повеќе од 2.500 луѓе биле затворани, тепани мачени и малтретирани од Османлиите, Леонид преминал во илегала, па откако го убил шпионот Ристо Дојчинов, се приклучил на четата на македонскиот револуционер Аргир Манасиев, кој воедно бил негов прв братучед.
По учеството во Илинденското востание и неговото задушување, летото во 1905 година станува гевгелиски војвода. На 31 август курирот на четата Дељо Карабаров е фатен од турците а шифрираното писмо кое го носел со себе, му било одземено и дешифрирано по што турските власти влегле во трагата на четата на Леонид. По нив испратени биле и воени единици од Струмица и Дојран.
Неколку дена подоцна, на 2 септември 1905 година Леонид заедно со двајца другари бил опколен од турскиот аскер во месноста Ѓуров дол. По целодневната престрелка, каде Јанков со итрина успеал да убие многу непријатели, откако му останале само два куршуми, со едниот го убил јузбашијата – капетанот на османлиската војска, а со другиот си го одзел животот не дозволувајќи жив да падне во рацете на Турците.
На денот на неговото херојското загинување, во Гевгелија цел ден биеле камбаните, повеќе од 3.000 луѓе од градот и околните села дошле на неговиот погреб на гробиштата кај црквта Св. Спас да му оддадат почест. Неговото тело се уште почива на истото место, а во негова чест и ден денес пее песната „Трба трби Гевгелија“.