За неносење заштитни маски казни за 518 граѓани

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 518 прекршоци, соопшти денеска МВР.

Санкција за ваков вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19, се наведува во сооштението.

Претходна вестЕксперти советуваат: Прскањата не се доволни, со комарците да се справуваме додека се во леглата во водите
Следна вестПопладне започнува одбележување на празникот Успение на пресвета Богородица во Матка