Фондот за пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до 24 овој месец треба до до деловните банки да ги достави податоците за исплата на пензиите за февруари.
Притоа, се препорачува да се обезбеди готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи од 25 до 2 март.
Според оваа листа, пензиите до 11.000 денари ќе се исплаќаат на 25 февруари, од 11.001 до 14.000 денари на 26 февруари, од 14.001 до 18.000 денари на 1 март и над 18.001 денари на 2 март.