За прв пат меѓународен „ПичПрич“ во четврток

На 29 април, во четврток е закажан првиот меѓународен „ПичПрич“, кој ќе се емитува односно пренесува во живо на Фејсбук страната на ПичПрич, со почеток во 19 часот. „Жени во текст“ е темата на овој, за прв пат меѓународен, настан.

На настанот ќе зборуваат раскажувачките Техила Хакими од Израел, Рашја Кајат од Германија, Алиса Ганиева од Русија и Фиона Сампсон од Обединетото Кралство.

-Нашите раскажувачки се еминентни писателки од повеќе земји кои ќе зборуваат за тоа на каков начин се раслојуваат и вкрстуваат нивните идентитети како писателки и жени (како и други идентитети) или на кој начин пристапуваат кон постапката на пишување, како и читање на текстот и ликовите. Дали постои можност за субверзија литературна традиција во која се канонизирааат мажи, додека на жените им се дава улогата на музи, и кои се начините на (формално или содржинско спротивставување) на патријархатот во книжевноста?, се вели во најавата за настанот.

Претходна вестЗаев ќе ја разреши ли и јавноста оти му пркоси за смената на Пауновски?
Следна вестУтре прскање против ларви од комарци