За шест часа казнети 93 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Полицијата вчера за шест часа казни 93 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Претходна вестНе пукајте на свадби ако не ви се плаќа казна од 500 евра
Следна вестУште 40 нови заразени со ковид на Олимпијадата во Токио – досега 241