Поднесена е кривична пријава против скопјанец за злоупотреба на лични податоци, соопшти полицијата.
МВР информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.
-Пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари, се наведува во информацијата.