Заев: 15 јули е конечен датум за избори, Мицковски ми потврди дека ќе учествува

Партиите го договориле датумот за одржување на предвремените парламентарните избори. Ова го потврди претседателот на СДСМ Зоран Заев.

-15 јули е конечен, последен и единствен датум за избори на кој ќе учествува и опозицијата. Зборував и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и тој потврди дека ќе учествуваат, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

15 јули е среда и ќе биде неработен ден за сите граѓани. На 13 и 14 јули ќе гласаат болните и изнемоштени, како и позитивните лица на Ковид-19 и оние што се во самоизолација.

Предизборниот молк ќе настапи на полноќ, во недела, на 12 јули. Гласањето, со цел да се спречи метежот, ќе трае од 7 часот наутро до 21 часот.

За да се одржи гласењето на 15 јули, претседателот Стево Пендаровски ќе треба да прогласи уште една вонредна состојба.

-Ни треба активно Собрание, домот на народните претставници мора да биде активен. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни справувајќи се со последици од опасниот коронавирус. Голем дел од ова нема да се издржи со техничка влада и со нефункционален Парламент. Знам дека на граѓаните им е преку глава и дека од оваа игра на нерви најмногу страда народот, па затоа СДСМ ја покажува својата големина и го договори датумот со опозицијата, рече Заев и го повика Мицкоски јавно да каже дека го прифатил овој датум.

Претходна вестПет починати, 103 новозаразени од корона ворусот
Следна вестФилипче: Се соочуваме со силен бран на епидемијата, само 14 проценти од заразените се хоспитализирани