Филипче: Се соочуваме со силен бран на епидемијата, само 14 проценти од заразените се хоспитализирани

Причина за голема смртност на пациентите во последните денови се должи на тоа што огромен број од нив беа со претходни хронични заболувања, изјави на попладневната конференција за печат Венко Филипче, министер за здравство.

Тој додаде дека во најголем број се работи за лица постари од 60 години, а околу 76 проценти од починатите се со претходно регистрирани комробидитети – болести на кардиоваскуларен систем, дијабетес и други заболувања.

-Беа преземени сите мерки но за жал за најтешки случаи не можеше да им се помогне, рече министерот

Тој додаде дека се соочуваме со силен бран на корона вирусот.

-Охрабрувачки е тоа што висок број на новите случаи се асимптоматски и со лесна клиничка слика. Од новозаболените 14 проценти се хоспитализирани, а 86 отсто се лекуваат во домашни услови. Но мора да се сфати сериозноста на состојбата, наведе Филипче.

Тој додаде дека и во другите земји во регионот повторно има нови случаи на корона вирусот и дека е потребно придржување до мерките за заштита.

-Мора да се научиме да живееме со вирусот и да се заштитуваме. Враќање на рестриктивните мерки не е опција и со тоа пак би можеле да се вратиме на почеток. Се уште не можеме да ги отвориме градинките, рече тој.

 

Претходна вестЗаев: 15 јули е конечен датум за избори, Мицковски ми потврди дека ќе учествува
Следна вестПолицаец испукал неколку куршуми на приватен настан во Бутел