Заев: Датумот за локалните останува 17 октомври

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека датумот за одржување на локалните избори останува ист, односно 17 октомври.

-Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17, односно нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми заради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но на крајот се одлучи трите дена не менуваат ништо, пописот е активност којашто финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем, пописот секојпат се држел 20 дена, овој пат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите, изјави денеска Заев.

Предлогот за прагот на поднесување на независните листи е 2 проценти од вкупниот број избирачи или како што објасни:

-Ако општината има 10.000 избирачи, треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50.000 избирачи, треба 1.000 потписи за да се поднесе независна листа.

Претходна вестВо ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто
Следна вестОд септември или октомври можни се некакви рестрикции за невацинираните, најави Филипче