Заев и Блер заклучиле дека Преспанскиот договор е големо достигнување

По долгото неизлегување од Македонија последниве денови премиерот Заев е растрчан по Европа. Лобира. Сега  е во Атина. Таму тој на маргините на Економскиот Форум Делфи, остварил средба со поранешниот британски премиер Тони Блер.

Како што е соопштено, на средбата било истакнато дека Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донел решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа.

-Договорот од Преспа отвори врати за напредокот и стави препрека на новите национализми, а решенијата од договорот денес значат и економски потенцијали, заклучиле Блер и Заев.

Посебен фокус во разговорот бил ставен на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна Ковид-19 пандемијата.

Заев и Блер се согласија дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.

Инаку, Тони Блер, поранешниот премиер на Велика Британија, сега е познат лобист кој шета по светот и се сретнува со разни званичници.

 

Претходна вестХоспитализирани 23 нови пациенти во скопските ковид центри
Следна вестЌе им удри ли контра Пендаровски на припитомувачите на дивоградбите?