Петиција од вработените во Државниот пазарен инспекторат за поддршка на директорот Стојко Пауновски заедно со барањето за средба со премиерот Зоран Заев денеска ќе биде доставена до Владата. Дали ќе дојде до средба и дали во наредниве денови ќе се случи разрешувањето на Пауновски, како што тоа го најави премиерот, останува да се види.
Ако се случи разрешувањето тоа ќе биде единствено поради пркосот кој го покажал директорот на Пазаерн инспекторат кој не сакал да прими неквалификувани „рамковни“ работници. Во тој свој став Пауновски деновиве ја доби безрезервната подршка на јавноста независно од која политичка опција е. Сите сметаат декавработените мора да ги имаат потребните квалиификации.
-Директорот презел одговорност да го менаџира инспекторатот успешно, но затоа му се потребни кадри со квалитет и капацитет. Не го терајте со сила да презема тие што можат да работат во друга установа кај што ќе бидат од корист и успешни а не во инспекторатот да седат и да не знаат ни тие ни тој што понатаму. Не ви е целта местото на седење да им го смените, коментира деновиве еден граѓанин на социјалните мрежи.
Поддршка даваат дури и граѓани кои што се опозициски ориентирани.
-Јас сум опозициски определена, но сум строго против човекот да се смени, против промената на сите функционери што мислат со своја глава, напиша една граѓанка во ФБ-групата за поддршка на Стојко Пауновски.
Инаку, јавната група на ФБ со наслов – Поддршка за директорот на ДПИ, засега има 1400 членови.
Јавноста, очигледно, не го прифаќа сменувањето на Пауновски и покажува пркос кон најавата на премиерот. Што тој ќе направи по ова? Ќе го уважи нејзиното мислење или ќе ја разреши и јавноста оти му покажува пркос?
И уште поважното прашање: Дали ќе се стопира намерата да се полнат државните институции со кадар кој нема соодветно образование?