Заев: Не e грешка Договорот за добрососедство со Бугарија, шпекулациите за бизнис интереси не се точни

Ниту тогаш ниту денес не мислам дека е грешка, напротив тврдам дека договорот со Бугарија е историска придобивка, низ договори да градиме пријателство и да бараме решенија за европскиот пат на државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев во македонскиот парламент. Тој одговори на пратеничко прашање од Александар Николовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека со Договорот се дала шанса на Бугарија да ја уценува државата на патот кон ЕУ.

Ни тогаш ни сега, не мислев и не мислам дека е грешка донесувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, напротив мислам дека е историски чин да постигнете договор со сосед, порача премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

-Не мислам дека е грешка туку дека е исклучително исправно да се склучуваат договори кои ќе донесат решенија кои што ќе го гарантираат нашиот пат до ЕУ и преку кои ќе градиме пријателство. Историски чин да постигнете договор со сосед. „Заедничката историја“ е сериозна формулација за градење иднина Идентиетот и јазикот никогаш не биле на маса на преговори и нема ни да бидат. Тоа е наше право на самоопределување и очекувам Бугарија да направи чисто признавање на македонскиот народ и јазик без било какви резерви. Историската комисија е таа што треба да бара решение. Тие се доволно едуцирани, експерти и верувам ќе најдат решениа за сите предизвици, рече Заев.

Тој посочи дека Бугарија направи катастрофална грешка, но дека евентуално поништување на договорот ќе ја врати државата во балканското сивило без било каква перспектива и надеж. Заев повтори дека за македонскиот идентитет и јазик не се преговара.

-Секогаш во постигнувањето на договорите сме воделе грижа за македонскиот идентите и јазик кој е нашата светост и никој нема право да посегнува по тоа и сите земји членки на ЕУ имаат разбирање за разумноста на тоа. Слушавме како тој викенд се крчмела Македонија се виде дека не е точно. Сите шпекулации за бизнис интереси не се точни, рече Заев.

Претходна вестСкопје – градот на солидарноста со 3 милиони денари ќе помогне на Петриња и на Загреб
Следна вестЗатворени два угостителски објекти, поради непочитување на Ковид мерките