Темно Режим Светло Режим

Скопје – градот на солидарноста со 3 милиони денари ќе помогне на Петриња и на Загреб

Како израз на солидарност за настраданите од силниот земјотрес во Хрватска, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот Петриње и еден милион денари за градот Загреб, реши денеска Советот на Град Скопје на вонредната седница.

Градоначалникот Петре Шилегов на седницата изјави дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи. Поради тоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Запленети над 5.000 пиротехнички средства на Бит пазар

Следниот Пост

Заев: Не e грешка Договорот за добрососедство со Бугарија, шпекулациите за бизнис интереси не се точни