Заев се сретна со коалициските партнери: Си кажаа дека се поддржуваат во владеењето

Преставниците на владеачките партии денеска имаа средба со Претседателот на Владата Зоран Заев. Оваа средба дел од партиите ја побараа веднаш после скандалозното интервју на Заев за бугарски медиум, но еве дури сега се најде термин премиерот да се сретне со претседателите и претставниците на сите партии кои се дел од владината коалиција.

Како што беше соопштено, на средбата тие разговарале за сите економски планови и проекти, реализација на мерките за заживување на економијата, како и за проектите кои следуваат за реализација во наредната 2021 година, а Заев добил и поддршка од владините партнери за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на ветото од Бугарија.

-Остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, ниту идентитетот на било кој народ или етничка заедница. Тука сметаме и на силната поддршка на нашите сојузници во ЕУ, особено Германија, како и САД кои се посветени нашата држава да продолжи по европскиот пат и почнување на преговорите со Унијата, рече Заев.

Осврнувајќи се на состојбата со корона вирусот, сериозноста на ситуацијата со есенскиот бран, коалициските партнери ги потврдија и ги реафирмираа заложбите на Владата за брзо и ефикасно дејствување во санирање на економските и здравствените последици. Премиерот Заев ги сумираше активностите во овој период и најави дел од следните чекори на владата за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата.

-Го реализиравме заемот кај Светска банка кој обезбеди средства за изградба на 16 модуларни болници ковид-центри во 16 градови. Донесовме ребаланс на Буџетот за 2020 година со што обезбедивме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во вредност од 470 милиони евра, пари кои завршуваат назад во економијата, назад кај граѓаните, рече премиерот Заев.

Сите коалициските партнери ја поддржаа определбата на Владата за продолжување на реформите и постигнување на европските стандарди дома, кои обезбедуваат унапредување на судскиот систем, раст и развој на економијата и повисок животен стандард.

Претходна вестДодека другите се радуваат на медали, ние се задоволуваме со „вајлд карта“
Следна вестСилувано малолетно девојче