Заев за турата со мотори – му било ден за одмор, можел да прави што сака

Премиерот Зоран Заев вели дека со тоа што возел мотор викендот, не прекршил никаков закон и дека тој во деновите кога не работи може да ги искористи како сака.

-Викенд сум со семејството имам едно хоби, а тоа е возење мотор. Така јас ги полнам батериите. Уште на почетокот го кажав тоа. Секој човек заслужува да одмори. Целосно се почитувани сите мерки, не возевме за време на полициски час, изјави Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање за реакциите и во јавноста и од опозицијата дека додека земјата се соочува со голема криза, тој и министерот за здравство возат мотори.

Заев вели дека тоа што го виделе дека вози мотор значи дека не се крие и дека тоа не го прави на штета на неговата работа.

 

Претходна вестУште 30 дена притвор за Камчев
Следна вестЗаев, Села и Гаши објавија договор за државјанствата, ама им фали согласност од ВМРО-ДПМНЕ и Левица