Загаденоста во Скопје малку попушти, но воздухот и натаму e нездрав, ќе помогнат ли мерките?

Загадување на воздухот и утрово е присутно на скопското подрачје, но во помал степен отколку што беше вчера. Скопје утрово околу 9 часот се најде на 15-то место по загаденост во светот, при што измерениот индекс на загадување е 157, додека вчера во тој период индексот беше 167.

Специјализираната интернет страница Iqair.com која прибира податоци од целиот свет предупредува дека воздухот е „нездрав“ за дишење. Најприсутни се штетните ПМ2,5 честички, со концентрација од 72,5 микрограми на кубен метар воздух додек авчера беше  87 микрограми.

Советот до граѓаните е да носат маски кога излегуваат надвор, да не прават физички активности надвор од домовите и да си ги држат затворени прозорци во своите живеалишта.

И интернет страницата waqi.info покажува прекумерно загадување и нездрав воздух за дишење. На мерното место во Лисиче индексот е 159, а што значи дека воздухот е незадрав за дишење, а вчера индексот беше 162. Во Ѓорче Петров индексот  е 139 што е помалку од вчерашните 162 микрограми на кубен метар воздух.

Значи, намалувањето на загаденоста не е таква да може да се опуштиме. Треба да се внимава. А службите треба да носат навремени одлуки.

Министерсто за животна средина вчера соопшти дека во Скопје во сила стапуваат препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање. Се препорачува сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се намали употреба на службени возила…

Останува да се види дали овие мерки и препораки ќе се почитуваат и дали тие ќе придонесат да се намали загадувањето на воздухот.

Претходна вестНачалникот на израелската армија најавува офанзива врз Либан?
Следна вестАнтикорупциска: Актуелен судија од Основен суд Тетово сам си ги поправал оценките со пречкртување