Тепачката во која учествувале дванаесетина скопјани на улица „365“ во скопската општина Кисела Вода била најжестока пресметка која што се случила во изминативе два дена на скопското подрачје. МВР соопшти дека завчера околу 10.30 часот поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир.
-Имало физичка пресметка помеѓу И.И.(46), А.И.(35), И.И.(71), Џ.И.(68) и Р.И.(64), од една страна и Ѓ.А.(56), И.Х.(67), С.Н.(32), К.Х.(32), Ј.Х.(32), Х.С.(59) и Х.Ј.(28), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, соопшти полицијата.
Истиот ден во 15.40 часот, Н.Ќ. од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот пред зграда на ул.„Методија Митевски“ неговите двајца синови биле физички нападнати од едно лице. Вечерта,пак, во 21.00 часот во СВР Скопје, Ц.Н.(35) и Н.М.(35), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 20.00 часот и околу 20.30 часот на игралиште во населба „Гоце Делчев“ во Скопје, малолетниот син на Ц.Н. и малолетната ќерка на Н.М. биле физички нападнати од Р.Д.(46) од Скопје.
На полицијата и билопријавено дека и во спортска обложувалница на ул.„23 Октомври“ во Скопје, Ф.В.(37) од Скопје со остар предмет го нападнал И.Л.(34) од Скопје. Лицето С.К.(42) од Скопје пријавило дека во 17.30 часот пред угостителски објект во Сопиште, Е.Р. и С.А., кои ги познавал од претходно, со употреба на сила му одзеле пари. Граѓанин Б.М.(44) од с.Палиград, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, О.С. се обидел да изврши рабојништво над него.
–На местото на настанот пристигнале полициски службеници, при што О.С. физички ги нападнал. Тој бил совладан и приведен, соопшти полицијата.
Вчера имало и два иницидента во населбата „Јане Сандански“
-На 14.09.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, М.П.(22) и Е.Ц.(19), двајцата од Скопје, пријавиле дека на 13.09.2020 околу 22.30 часот во парк на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, биле физички нападнати од Д.А. На 14.09.2020 во 01.08 часот во СВР Скопје, М.Л. пријавила дека во 00.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзините другари Н.А.(18), Н.С.(18) и М.Д.(18), сите од Скопје, со тврд предмет биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера и лицето Ш.Ш.(36) од Скопје пријавило дека околу 02.20 часот пред казино на ул.„Нов живот“ било физички нападнато од едно лице а имало и пријава дека во спортска обложувалница на ул.„23 Октомври“ во Скопје, Ф.В.(37) од Скопје со остар предмет го нападнал И.Л.(34) од Скопје.