Скоро да нема сегмент во македонското општество каде директно влијание има политиката, а да tamu не е хаос. И не само хаос, туку и безаконие, површност, раскалашаност…
Еве, сега, веќе три дена нема објаснување од Клиниката за токсикологија како функционира организацискаta директорка Бесија Илјази. Во јавноста излезе информацијата дека таа не го знае македонскиот јазик, дека преведувачи и се двете секретарки. И што би рекол визионерот Зоран Заев „згора на тога“ директорката доаѓала со татко и на работа кој постојано бил со неа… .
Се поправи работава таму или директоркава уште функционира на ваков начин?
Или, се е објаснето со соопштението од Министерството за здравство кое објави дека „таа е поставена согласно на предвидените услови“.
Е, што ли се условите за да станеш директор на важна државна институција?
Да скратиме, со овој случај само само се доби уште еден нов парадоксален пример врзан за она што може да произлезе кога се злоупотребува „балансерот“ при вработувањата и именувањата на припадници на одредени етнички заедници во име на соодветна и правична застапеност. Мора кандидатот да има и знаења, а не само соодветна етничка припадност за да седне во државна фотелја.
Затоа имавме и примери министер да зборува самно англиски, а директор на државното Биро за метрологија да каже дека мислел оти тоа е наука за времето и временската прогноза.
Уште колку високи државни функционери не знаат македонски јазик, уште колку одат со родителите на работа, уште колку колку воопшто не знаат каде работат…
Ова по изборите мора да се расчисти. На раководни места нека бидат само способните, а нивната етничка припадност да не е најважното нешто при вработувањето.
Во спротивно ќе имаме и вакви апсурди: едно лице од одредена националност да се декларира како припадник на друга националност, се со цел да биде примен на одредено место согласно на „Балансерот“. Па, така, би биле можни ситуации во кои еден кандидат да аплицира на пет работни места и на три работни места во истиот оглас се изјаснува различно, онака како што се бара во огласот. Еднаш Македонец, па Албанец, па Ром…
Не е добро да има вакви ситуации, а се наметнува и едно дополнително прашање: Таква личност која менува етничка припадност по потреба, може ли добро да води државна институција?