Зајкова: Засрамувачки е како изгледа студентскиот дом „Стив Наумов“

Првиот и вториот блок во студентскиот дом „Стив Наумов“ се реновирани во 2009 година, а гледаме дека зградите се тотално вон употреба и тоа е засрамувачки, оцени денеска пратеничката во македонскиот парламент Моника Зајкова. Таа, по барање на студентите од Универзитетското студентско собрание, заедно со колешката Фиснике Бектеши и претседателот на Универзитетското собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, Славчо Темелковски извршија увид на просториите во студентскиот дом „Стив Наумов”. Целта беше да оценат дали поправките и реновирањето се одвиваат согласно предложениот Акциски план за реализација во студентските домови на активности побарани од студентите на Министерството за образование и наука.

– Импресиите се лоши, очигледно е дека е потребно да се санираат студентските домови од корен, особено „Стив Наумов”. Првиот и вториот блок се реновирани во 2009 година, а гледаме дека зградите се тотално вон употреба и тоа е засрамувачки. Не може во толку краток период да бидат во толку лоша состојба. Тоа што го видовме во оваа зграда што е пуштена во употреба е дека треба под итно да се санираат и реконструираат и тоалетите, но и да се подобрат условите за живот, изјави Зајкова.

Таа рече дека институциите треба да ја преземат работата во свои раце и да се обезбедат подобри услови.

-Ова сега во моментот е далеку од добри услови за живеење, вели пратеничката.

Виктор Велевски, директор на Државниот студентски дом – Скопје најави дека во тек е завршната фаза на проектот за реконструкција на студентските домови „Стив Наумов” и „Кузман Јосифовски Питу”.

– Очекуваме во март 2023 година да почнат темелни градежни активности. Како студентски дом се изборивме во овој проект да влезе и мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев” што претходниот пат кога се реновираше домот, остана во таа состојба каква што е, истакна Велевски.

Со реновирање ќе почнат зградите 1 и 2 во „Стив Наумов” коишто иако се обновени во 2009 година, тие не се во функција. Како што најави Велевски, целосно ќе се реновира и зградата 3, но и мензата во домот.

– Ние како студентски дом со средствата што ги имаме на располагање, што ги добиваме од страна на Министерството за образование и наука санираме толку колку што можеме. Како што сега видовте сега се варосува, првпат од 1991 година, сменивме плочки, а ставени се и врати, соопшти директорот Велевски.

Претходна вестБританија предупредува: Навивачите се враќаат со „грип од камила“ од Светското првенство
Следна вестЗа две недели ќе се знае дали ќе поскапи струјата