Блокада со поднесување на околу 5.000 амандмани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се очекува да се случи денеска на почетокот на собраниската процедура за предложениот закон за амнестија. Прелдогот на законското решение е на дневен ред на денешната собраниска седница. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат 5.000 амандмани за да го блокираат усвојувањето на овој закон.
Партискиот портпарол Наум Стоилковски вчера изјави дека законот за амнестија е ветување на власта во однос на ослободување на некои лица пред изборите.
-Законот за амнестија не е фактички она што сака министерот Лога да го постигне и јасна е приказната – Лога не застана зад усвоените измени во Кривичниот законик, а сега Мадиќ не застанува зад предлог законското решение за амнестија на министерот. Тоа е една какафонија што излегува од Министерството за правда. Всушност, тие предлози, ако се сеќавате на реакцијата на Блупринт групата која ја напушти работаат во Министерството за правда, фактички се пишуваат во партиските штабови според некоиј нивен интерес или некои математики во пресрет на изборите, рече Стоилковски.
Со предложениот закон за амнестија не се согласува и заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која е член на СДСМ. Социјалдемократите најавуваа амандамни за да спречи осудените за Монструм да бидат амнестирани
Според министерот за правда Кренар Лога целта на амнестијата била да се ослободат затворите од бројот на затвореници поради лошите услови за престој.
– Со законот за амнестија нема ништо лично поврзано со моето име и со институцијата со која раководам. Или државата ќе биде еднаква спрема сите свои граѓани или не. Ќе се докаже на дело дека има двојни аршини, дека ке се продолжи големите риби да добиват привилегии, а заза обични осуденици да нема милост и разбирање. Не може одредени осуденици да издржуват казна затвор по хотели и болници а други да умират во “Аушвиц”, рече Лога.
Пресметката е дека ако овој закон помине во Собранието, од вкупно 2.114 затвореници, 286 ќе бидат целосно ослободени, а за 996 ќе има делумно ослободување. Од Министерството за правда велат дека немаат пресметка за тоа колку од 2.813 осудени кои чекаат да влезат во затворите ќе бидат аманестирани.
За денешната седница најавен е и избор на испразнетото место во Државната изборна комисија (ДИК). Според законот, оваа позиција мора да ѝ биде доделена на опозициска партија од албанскиот блок. ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе даде поддршка за нов член на ДИК да биде избран од здружената опозиција Касами, Меџити и Гаши.