Облачно со локални врнежи од дожд

Претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура изнесуваше од 8 до 14 степени, а дневната ќе се движи од 13 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец.

Температурата изутринава изнесуваше 12 степени, а преку ден ќе достигне 20 степени.

 

Претходна вестЗапалено „aуди“ најдено во Бојане, се користело за нападот врз Штекли?
Следна вестЗаконот за амнестија пред пратениците, ВМРО-ДПМНЕ најавува блокада со 5.000 амандмани