Home АКТУЕЛНО Димитриевски побара оставка од Рамадани: Недозволиво е обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив

Димитриевски побара оставка од Рамадани: Недозволиво е обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив

0
Димитриевски побара оставка од Рамадани: Недозволиво е обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил побара оставка од претседателот на Евро Атланскиот Совет на Македонија Исмет Рамадани. Според него обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено не кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија г. Рамадани.

– ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата „Само вистина” на ТВ Канал 5.

Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани.

Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото, напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил.