Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, а се уште гори во Чучер Сандево во Скопје, поточно во селото Побожје, каде што се запалени три куќи. Уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион. Во меѓувреме, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка.
Ваква е состојбата со пожарите до 16 часот.
Од останатите места, пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е се уште активен и во текот на денешниот ден, во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство.
Во 14.45 минути истиот пожар е проширен кон сртот на ловиштето Јасен.
Активен е пожарот во Петровец село Дивље м.в. Крушје, но со намален интензитет. И таму се уште на терен се претставници од АРМ, ППБ од Град Скоопје, ШС Караџица и месно население.
Пожарот во Прилеп, Топлица е активен кон селото Крстец. На терен се претставниците од ШС Црн бор од Прилеп и претставници на ДЗС.
Активен е пожарот и во Агино село, кој избувна околу 12.30 часот каде гори сува трева и стрништето.
Од 15 часот повторно е активен и пожарот кај Македонски Брод, кај селото Слатина. На терен се претставници од ТППЕ Македонски Брод, од МВР, месно население. Патниот правец Македонски Брод кон Самоков во моментов е во прекин.
Пожар со помал интензитет има и во прилепскиот регион кај селото Средорек, меѓутоа како што рече Милкова, тој се држи под контрола и се надеваат дека за кратко време истиот ќе биде локализиран.