Запленета брендирана трговска стока во вредност од 40.000 евра

Во периодот од 04 до 06.07.2024, по претходно преземени оперативни мерки и активности од страна на МВР, во координација со Царинската управа и со користење на службено куче, во царински склад во Скопје извршен е детален преглед на три товарни моторни возила со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лице од Скопје и од с. Студеничани, скопско.

-При прегледот во нив се пронајдени и одземени 3.700 парчиња разновидна брендирана трговска стока без неопходната документација, во вредност од 40.000 евра, поради што постои сомневање дека со возилата се врши нелегален превоз на стока која повредува право на интелектуална сопственост, соопшти МВР.

Одземената стока е предадена на Царинската управа и се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходна вестПожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
Следна вестСончево и многу топло со умерена локална облачност