Запленета „нарко подморница“ со 800 килограми кокаин

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800 килограми кокаин. „Нарко-подморница“ долга 15 метри, прва откриена оваа година, е запленета во водите на Колумбија, јавува Би-би-си.

Морнарицата процени дека „уловот“ вреди 27 милиони долари и рече дека се верува дека подморницата била на пат кон САД или Европа. Уапсени се три лица кои биле во подморницата.

– Со оваа заплена беше спречен профит од близу 27 милиони долари на организациите за шверц на дрога, како и дистрибуција на околу два милиони дози на улиците во светот, беше соопштено од страна на надлежните.

На бродот имало пакувања со кокаин хидрохлорид, од кои многу го имале ликот на скорпија или биле означени со „Вини“ и „Карнал“.

Претходна вестМакедонија ќе купи осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо“
Следна вестГруби не претерува: Русија е виновна за инфлацијата, за неизградениот Коридор, за поттикнување меѓуетнички тензии…