На аеродромот во Франкфурт вчера биле запленети над 2.000 фалсификувани луксузни часовници наменети за Македонија. Часовниците пристигнале со пратка од Хонг Конг, соопштува германската полиција.
Дванаесет пакети биле на пат кон Македонија, а биле пренесени преку аеродром во Германија. Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба, а пишува Дојче Веле.
– Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, часовниците беа уништени, вели Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.
Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.