Запленети 608 килограми кокаин во Турција, приведени повеќе лица

Запленета огромна количина на кокаин во Турција. Имено, турската полиција заплени 608 килограми кокаин, што е трета по големина заплена на тој вид дрога во историјата на земјата. Ова го соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Дрогата, главно во течна форма, е запленета во операција спроведена во три провинции, објави Јерликаја на платформата Х. Запленети се и речиси 830 килограми хемикалии кои се користат за преработка на дрогата.

Јерликаја рече дека полициската акција била насочена кон меѓународна банда, наводно предводена од државјанин на Либан и Венецуела, кој бил приведен заедно со четворица странци, членови на организирана криминална група и девет Турци.

Групите за надзор на организираниот криминал велат дека Турција расте како транзитен центар за кокаин што доаѓа од Јужна Америка во Европа.

Претходна вестМЗ за барањата на приватните специјализанти: Ставот е позитивен, одлуката е во рацете на Владата
Следна вестВо рок од месец и пол треба да се вратат злоупотребените 2,2 милиони евра преку проекти од Еразмус програмата