Започна Божикниот пост во чест на раѓањето на Исус Христос

44

Од ноќеска на полноќ православните христијански верници започнаа со Божикен пост посветен на одбележувањето на големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, востановен во спомен на денот кога се родил Исус Христос, 7 јануари. Божикни пости се дел од неколкуте големи пости кои ги практикуваат православните верници какви што се уште – Велигденските, Петровденскиот и Богородичниот пост. Освен нив, постот се применува и во други определени празници и денови.

Божикен пост уште се нарекува „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип. Божикниот пост е востановен за да можеме ние, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиме себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнеме Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, нашето чисто срце и желба за последување на Неговото учење.

Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост. Во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло. Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло. Рибата за време на Божикниот пост се разрешува во саботните и неделните денови, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. 

Претходна вестВреме е Филипче да реагира ревносно околу смртноста на пациентите како што силно реагираше во одбрана на Заев
Следна вестФилипче: Преносливоста на вирусот опадна, нема потреба за нови мерки