Запрен автомобил се придвижил и го усмртил сопственикот

Едно лице загина во незгодата што се случила вчера во скопското село Патишка Река.

-Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него, соопшти МВР.

На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПортпаролот на Левица го запали Кривичниот законик
Следна вестУтре посебен режим на сообраќај во Скопје