Зарем Македонија е осудена да снема шуми?

Македонија е претежно ридско – планинска земја. Природата дала, а претходните генерации додале – насадиле и многу шума. А што прави сегашната генерација? Дел од неа е рамнодушна, а еден дел само ништи тоа што со години растело.

Бесправното сечење на шумите е масовно низ земјава. Се соголуваат цели региони. Пример вчера на место викано „Бела Вода“, атар на с.Калањево, неготинско, полициски службеници лишиле од слобода три лица кај кои е пронајдено многу огревно дрво без документација. Биле пронајдени и пила и други предмети наменети за сеча.

Завчера македонски и албански државјанин се приведени биле затекнати при пустошење шума на Јабланица.

Полн е полицискиот билтен со вакви работи. А тек колку кражби со секири и моторни пили не се откриени…

Од друга страна и пожарите низ Македонија никако да стивнат. Едни ќе бидат изгаснати, други се распалуваат. Нема ден на десетици локации да не избувнуваат огнови кои се закануваат да се шират на поголеми подрачја. Често пострадуваат нискостеблеста и мешана шума… често виновник за сето тоа е човечкиот фактор.

Инаку, одамна не е направено ниту некое посериозном пошумување на вече голите ридски и планински падини.

Состојбата е загрижувачка!

Зарем ќе се остави Македонија да стане земја без шуми? Прашањето е и до надлежните институции и до граѓаните кои мора да се однесуваат поодговорно – како што тоа го правеле претходните генерации.

Претходна вестOваа недела ќе почне повлекувањето на француската војска од Нигер
Следна вестВо оваа македонска општина првото бебе во 2023 година се роди дури сега