Зарем спомениците по Скопје ќе станат споменици за негрижата кон нив?

 Скопје е преполно со споменици. Особено централното подрачје. Кога веќе се поставени, се води ли доволна грижа за нив?

Споменикот на Цар Самоил кој е поставен на главниот плоштад деновиве е ишаран, односно непознатиот „автор“ сакал да испрати политичка порака. Други се ишарани без пораки…

Пораката го градските власти е дека треба да си најдат нашин и сето тоа вандалство да се анулира. За жал секој оставен споменик на самиот себе ќе стане предмет на прскања со спрејови и боја, оти многумина во Скопје се невоспитани и фрустрирани па тоа го лечат врз паметниците.

Речиси и да нема споменик кој е во добра состојба. Или се испраскани со спрејови во боја, или им се откорнати мермерни плочи, или со искршено осветлување, или затрупани со отпадоци, или… Плус, кај некои бронзата од која се направени е веќе нагризена од времето, информативните табли се целосно избледени…

Доволно е да се види во каква состојба е споменикот на Паднатите херои за Македонија во паркот „Жена – борец“ , да се види споменикот на македонскиот великан Гоце Делчев и спомен-бистите на хероите од НОВ во Градскиот парк па да се сфати дека спомениците се оставени сами на себе и на по некоја спорадична интервенција од надлежните.

 За спомениците од проектот Скопје 2014 во еден период Градот Скопје склучуваше договори за одржување, па потоа обврската ја префрли на ЈП „Водовод и канализација“, но само за одржувањето на фонтаните. Кој сега е надлежен за спомениците?

Во време кога ни се оспорува националниот идентитет, кога ни се присвојуваат настаните и личностите од македонската историја, да ги оставаш сопствениѕе споменици во расуло е крајна несериозност.

 

Претходна вестМоторни пили забрзано сечат дрвја долж улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром
Следна вестМВР за случајот со ракометарот Тот: Бил во безсознание, нема траги на насилство