Заседава Комисијата за заразни болести, ќе се предложи ли карантин за одредени општини?

Состанок во проширен состав одржува Комисијата за заразни болести на кој што се разгледуваат досегашните и новите мерки против корона вирусот чие ширење денеска доби загрижувачки размери. Како што соопшти Министерството за здравство министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

-Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки. Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и Kризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување, се наведува во информацијата.

До состанокот доаѓа по загрижувачкиот пораст од 101 новозаболен од кои најмногу, нив 59 се од Скопје, а од Куманово 12, Штип 7, Тетово – 5, Струга – 6, Прилеп 1… По состанокот ќе се знае дали Комисијата до Кризниот штаб и до Владата ќе предложи воведување на рестриктивни мерки и ограничување на движењето во пресрет на верскиот празник Задушници во петок и викендот. Министерoт Филипче вчера најави дека и таа опција е можна и дека се работи за општините Чаир, Сарај, Гази Баба и делови од Штип.

Претходна вестПотврдени 101 новозаразен од вирусот – повеќето во Скопје, починаа 4 пациенти
Следна вестСкопјанец загина откако сопственото возило го притиснало на банкината