Скопјанец загина откако сопственото возило го притиснало на банкината

Починал 58-годишниот скопјанец на автопатот Скопје – Свети Николе откако бил приклештен од сопствениот автомобил. Полицијата соопшти дека несреќата се случила ноќеска во 01.30 часот откако Б.К. застанал со возилото пред напланатата станица Миладиновци на оваа сообраќајница.

-Патничко возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и тој излегол од возилото. Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЗаседава Комисијата за заразни болести, ќе се предложи ли карантин за одредени општини?
Следна вестTешко повредена велосипедистка во Капиштец, ја удрил автомобил