Tешко повредена велосипедистка во Капиштец, ја удрил автомобил

Со тешки повреди се здобила 55-годишна велосипедистка од Скопје во сообраќајна несреќа што се случила вчера во населбата Капиштец. Полицијата соопшти дека несреќата се случила околу 13 часот.

-Возилото „Форд фокус“ со кое управувал И.Г. (49) со скопски регистарски таблички удрило во велосипед управуван од Р.С. (55). По незгодата таа била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ кад и се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увидот, информира полицијата.

Претходна вестСкопјанец загина откако сопственото возило го притиснало на банкината
Следна вестСе засадија 55 дрвца во Карпош, а кога ќе никнат потребните 5.555 во Скопје?