Полицијата вчера по 21 часот во соработка со Државниот пазарен инспекторат затвори чајџилница во скопско Арачиново и го приведе сопственикот заради работење по дозволеното време и голем број на гости во објектот.
-Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од село Арачиново и тој е приведен во Полициското одделение Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ, соопшти МВР.
Објектот е затворен од инспектори на Државниот пазарен инспекторат.