Облачно и дождливо, на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северните делови со повремен снег, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела, особено во западните делови (над 25 л/м2) и ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд, а на околните планини со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Претходна вест„Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш на Интернационалниот фестивал за краток филм во Турција
Следна вестЗатворена чајџилница во Арачиново, приведен сопственикот