Заврши реконструкцијата на улица „Ленинова“

Завршена е реконструкцијата на дел од улицата „Ленинова“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов, кај Клубот на пратеници во Скопје, објави општина Центар.

Градоначалникот на општината Горан Герасимовски изјави дека денеска улицата е со модерен и европски лик.

-Во изминатиот период на „Ленинова“ се работеше на поставување на атмосферска, водоводната и фекалната канализација, подземно се спушти кабловската мрежа и се отстранија старите дрвени бандери со што се ослободија тротоарите. На улицата се поставени паркинзи за велосипеди, се обележаа велосипедски патеки од двете страни на улицата, се оформија и паркинзи за резидентните станари. Улицата „Ленинова“ е една од главните артерии во Општина Центар и мило ми е што по оваа реконструкција граѓаните кои живеат овде но и посетителите ќе имаат убаво уредена и современа улица, рече тој

Герасимовски додаде дека покрај новата урбана опрема на улицата е оформено и зеленилото со закројување на крошните од дрвјата кои го попречуваа видикот и ги оштетуваа фасадите на станбените згради.

Претходна вестПочна реконструкцијата на патеката за пешаци од Влае кон Карпош на мостот „Обединети нации“
Следна вестМД „Илинден“-Тирана: Благодарност за одново отворениот Лекторат по македонски јазик