Почна реконструкцијата на патеката за пешаци од Влае кон Карпош на мостот „Обединети нации“

131

Од денеска на мостот “Обединети Нации” на тротоарот се изведуваат градежни активности за санација на мостот и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира ЈП Улици и патишта – Скопје.

-Поради изведба на  активностите  во насока од Влае кон Карпош ќе биде затворена  насоката за движење за пешаците до завршување на градежните активности, се наведува во информацијата.

ЈП „Улици и патишта“ Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Претходна вестУбиените мечиња порачуваат: Од Македонија и животните ќе бегаат!
Следна вестЗаврши реконструкцијата на улица „Ленинова“