Секој трет возач во градот кој вчера бил казнет од страна на полицијата возел побрзо од дозволените 50 километри на час. Ова произлегува од полицискиот извештај за вчерашните контроли на правени на скопските улици.
-На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции. Меѓу нив за возење без возачка дозвола казнети се 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 128 прекршоци, откриени се технички неисправни и нерегистрирани 11 возила, казнети се 9 мотоциклисти, изречени се 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), се наведува во извештајот
Од МВР информираа дека во Скопје изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцира МВР.