Здивените возачи немаат страв – возат и до 302 километри на час во Скопје, многу институции треба да притиснат на сопирачка

Нема крај на сообраќајна некултура и на непочитувањето на правилата низ Македонија. Инаку, во мноштвото на сообраќајни прекршоци пребрзото возење е најчест сообраќаен прекршок. Здивените возачи се чуствуваат комотно по македонските патичта и само додаваат гас.

Ограничувањето на брзината на 50 километни на час по градските подрачја, знаци за ограничување од 100, 110, 120 километри на час на автопатиштата како да не постојат. Се вози пребрзо при што најдиректно се загрозува и сопствениот, но и животот на другите.

Чаре?

Полицијата да биде побудна и да ги лови збеснатите возачи.

Сообраќајците според олициските податоци биле на терен. Бројот на изречените казни за пребрзо возење: лани ги имало вкупно 104.122 казни, односно, по 285 дневно или 11 на секој час во различни македонски подрачја. При ова, имало и екстремни случаи на пребрзото возење.

Најголема брзина измерена со уреди за мерење на брзината е констатирана на автопат А2 – Обиколница Скопје, кога е измерена брзина на движење 302 километри. Но, не може да се утврди временски интервал кога најчесто во текот на 24 часа се вози побрзо од дозволеното од причина што овој прекршок се манифестира во текот на 24 часа, на сите патишта, сопштија од МВР.

И преклани, во 2022 година имало многу казни – 95.011 за оние кои не го почитувале ограничува, во њето на брзината. Во годината пред таа, во 2021 година, таква казна им е изречена на 104.703 несовесни возачи, односно, во просек, на 286 секој ден…

Бројките на казните делуваат високи. Но, состојбите на патиштата укажуваат дека досегашниот начин на справување со дивјачкото возење не ги дава очекуваните резултати. На патиштата има полициски патроли, има радари, има казнувања, но има и понатаму многу „рели“ возачи.

На некои од возачите, очигледно, воопшто не им е проблем да ја платата не толку мала казна и пак да продолжат по старо. А тоа значи дека е очигледно дека тоа што сега се прави како справувањето не е доволно и дека треба полицијата треба да ги зајакне контролите. Но, не и само таа. Тука е и судството, специјализираните институции за безбедност во сообраќајот, образованието…

Треба и казните да се зголемат.

Мора посеопфатно да се делува за да се заузда дивјачкото возење. Во спротивно, сообраќајниците ќе станат уште поголеми арени опасни по живот.

Претходна вестСрпската полиција заплени над 150 килограми марихуана во камион кој влегол од Македонија
Следна вестВладата ѝ наложи на Антикорупциска да вработи оџа, вели претседателката Ивановска