Здрава котлина: Ја охрабруваме Владата да ги укине двете концесии за рудникот „Иловица-Штука“

Поздрав за поништувањето на спојувањето на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ но и барање Владата да ги укине и издадените концесии, упати денеска еколошка организација Здрава котлина.

Од Здрава котлина наведуваат дека за првата концесија, „Еуромакс“ имал максимален законски рок од 2012-та до 2016-та за да поднесе валидно барање со сите изрично наведени услови за добивање дозвола.

-„Еуромакс“ не го направи тоа и најважно не поднесе никакво тужбено барање тогаш доколку имала некаков проблем со документите. Напротив, првата тужба ја поднесе во 2019 – та откако ја изгубија првата концесија. Тоа значи дека судската штоперица за враќање на времето назад со пресудата во 2023та нема да се врати во 2016-та, туку во 2019-та кога ја иницирала тужбата. Едноставно е апсолутно истечена концесија и не постои никаков правен начин да се врати времето во законскиот рок пред 25 јули 2016 година, забележува Здрава котлина

За втората концесија, пак, велат тие, „Еуромакс“ никогаш не побарал дозвола за експлоатација, но ниту судски ја обжалил некогаш.

Според Здрава котлина, таа концесија после максималниот законски рок истече во јануари 2020-та и со тоа што „Еуромакс“ нема поднесено никакво барање за дозвола за експлоатација, согласно Законот за минерални суровини, денес Министерството за Економија нема апсолутно никакви пречки да ја одземе.

-Затоа го повикуваме министерот Крешник Бектеши уште утре да ги раскине и двете истечени концесии! Нема никакви пречки и тоа добро го знаат во Еуромакс, во Министерството за Економија, во Владата, но и во други домашни и меѓународни институции. Приказните за арбитража се несериозни и немаат никаква основа затоа што сите аргументи се на страна на државата, а дополнително во позадина се извонредно отежнувачките околности поврзани со шпекулативни дејности преку Кајманските острови. Тука завршуваат сите глупости и тоа лесно се докажува. Оштетно побарување (легална пљачка) од буџетот на државата преку арбитражно спогодување нема да се случи ако Владата не сака арбитража, туку директно на суд, се вели во соопштението на Здрава котлина.

Претходна вестКамерниот оркестар на Музичката младина ќе концертира на „Охридско лето“
Следна вестПоранешен американски разузнавач сведочеше пред Конгресот: Пентагон има пронајдено летала кои не се произведени од човек