Зошто е толку тешко скопките институции да се справат со дивите депонии, креирањето нови, но и нечистотијата низ градските улици што секојдневно ја гледаме, како и затруениот Вардар? Според официјалните информации, една од причините е што Град Скопје немал доволен број комунални инспектори. Затоа сликата на градот што Петре Шилегов сонува да биде: зелена престолнина, чист град, е уште далеку од тоа.
Скопјани реагираат:
-Од тие 8 милиони евра што државата ги потрошила за луксузни автомобили нели можеше да се одвојат или да се пренаменат средства и да се вработат инспектори? Или скапите коли се поважни?! Зелена престолнина не се прави со скапи коли по улици, туку со комунални инспектори кои секојдневно ќе казнуваат…
-Светот на месечината стигна одамна, ние не можеме една педа град да исчистиме!, коментираат граѓаните.
Во меѓувреме како едно од решенијата власта гледа во закон за формирање на комунална полиција. Кога тоа ќе се случи и како ќе функционира останува да чекаме и сведочиме. Во меѓувреме остануваат да „живеат“ најголемите диви депонии, кај Волково и Вардариште,но и уште бројни други помали покрај речиси секој контејнер.
Да не испуштиме, за чисто Скопје треба и сериозно да се чисти, а и скопјани малку да се однесуваат поодговорно.