Зеленски со критики за НАТО, Русија со прекин на огнот за цивилите да го напуштат Мариупол

Воените борби во нападнатата Украина влегуваат во десеттиот ден. Се бројат загинати и повредени лица. Се очекува дека викендов ќе има нова рунда на украинско – руски преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше НАТО дека не воведува зона на забранети летови над Украина. Зеленски го обвини НАТО дека „дава зелено светло за натамошно бомбардирање на украинските градови и села“.

Руските медиуми јавуваат дека руската армија утрово во 10 часот по московско време ќе престане да пука за да овозможи евакуација на граѓаните од Мариупол и Волноваха.

-Ќе биде воспоставен „режим на молчење“ за цивилите да можат да ги напуштат двата града, се вели во соопштението на руското министерство.

Американскиот амбасадор во ОН тврди дека руските сили се на околу 30 километри од втората по големина нуклеарна централа Јужнокраинск.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија. Тој не можеше да процени колку долго би можел да трае конфликтот, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.

Дописник на „Скај њуз“ и неговата екипа биле се нападнати во близина на украинскиот главен Киев. Снимателот бил погоден со два куршуми во панцирот и е ранет, јавуваат медиумите.

Инаку, Русија за само неколку часа ги затвори Твитер, Фејсбук и Јутјуб на своја територија..

Претходна вестКога Владата ќе се сети на Дојран и ќе помогне да излезе од подпросечноста?
Следна вестСамо вчера за пребрзо возење казнети 819 возачи