Земјотрес во Гевгелиско со интензитет од три степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера регистрираше земјотрес 135 км југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Земјотресот беше почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда МЛ2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестА ќе работат ли и министрите од дома со помала плата?
Следна вестПолицијата бркала пребрзи возачи, стасала 130 низ Македонија