Земјотресот во Турција преполови село на два дела

Земјотресот што се случи на 6 февруари 2023 година, во Турција освен што направи хаос во градовите, создаде пукнатини во инфраструктурата, па така на самата граница на Турција и Сирија, се создадоа морничави пукнатини широки неколку метри.

По спасувачката акција, новинарите сега го насочуваат фокусот во внатрешноста каде се гледаат вистинските последици од разорниот земјотрес. Селото Гокчедер во Газиантеп буквално беше преполовено од разорните земјотреси што ја потресоа Турција на 6 февруари. Снимките од селото покажуваат дека земјата се поделила на половина и дека се формирал кратер широк речиси еден метар.

Ова го видовме утрото по земјотресот. Мислевме дека апокалипсата започна кога почна да се тресе, изјавил еден од жителите.

Колкави штети претрпе ова село во земјотресите најдобро покажуваат снимките од воздух, на кои се гледаат пукнатини во земјата. Во земјотресот уништени се гробиштата и бројни куќи.

Нури Џихан, кој е роден и живее во селото, вели дека мештаните се обидуваат да ги пополнат пукнатините со лопата на земја и со помош на трактори. Нури Џихан додава дека пукнатините настанале рано наутро во понеделникот кога почнал земјотресот. Џихан додава дека мислел дека апокалипсата започнала.

Тој раскажува дека тоа утро сите трчале да се спасат, а кога се вратиле по 3-4 часа по земјотресот, почнале да ги спасуваат оние што останале. Неколку дена подоцна забележале дека од земјотресот се оштетени и локалните ридови кои сами го санирале, но теренот се уште се отвора што им создава проблем.

Руските медиуми јавуваат дека земјотресот во областа Доганшехир создал пукнатини во земјата долги 16 километри и го поделило селото на два дела. Јужниот дел од селото се спуштил за два метра, а куќите на север останале речиси недопрени. Проценките велат дека длабочината на пукнатините е поголема од просечната човечка висина.

Претходна вестНа Македонија не и треба евтина и долга театарска претстава
Следна вестНе сакал да се легитимира, со автомобил удрил во полицаец