Не сакал да се легитимира, со автомобил удрил во полицаец

Повреден полицаец и оштетено полициско возило е епилог од драмата која се одвиваше на 14 февруари по полноќ во близина скопска Пивара. Скопјанец не сакал да се легитимира па откако ја зголемил брината удрил во службено лице и блокада на патот.

– Наместо да застане за личен преглед и легитимирање, осомничениот со скопски регистарски ознаки не постапил по сообраќајна СТОП наредба со светлосна сигнализација издадена од неколку полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, ја зголемил брзината на возилото и ја избегнал полициската контрола. По полициска радио врска била распишана објава за пронаоѓање на возилото на осомничениот, по што на критичното место била поставена блокада од полициска патрола на службени лица од СВР Скопје. Кога дошол до блокадата, осомничениот повторно се обидел да ја избегне и продолжил да вози кон влезот на фабриката. Таму го блокирале неколку полициски службеници со службено возило, а оштетениот полицаец излегол за да му даде сообраќаен стоп-знак на осомничениот. Во тој момент осомничениот го насочил својот автомобил кон телото на оштетениот и со предниот дел удрил во него, нанесувајќи му телесна повреда – набиеници и расекотини на десната нога, а го оштетил и полициското возило поставено за блокада, велат од МВР.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​

Претходна вестЗемјотресот во Турција преполови село на два дела
Следна вестРоманската православна црква додаде уште еден услов за признавањето на МПЦ-ОА