Жарко Пешевски во тимот на првото коло на Европското првенство

Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски се најде во идеалниот тим на првото коло на Европското првенство (ЕП) кое се одржува во Германија.

Пивотменот на Еурофарм Пелистер беше најдобар стрелец на натпреварот против Франција кој се играше пред над 53.000 гледачи. Пешевски го заврши мечот со седум гола од осум обида и беше прво име во Македонија пред Џонов со шест гола.

Специјализираната Инстаграм страница за ракомет „РТХ“ ги одбра најдобрите од првата рунда, а во тимот се најде Пешевски. Имаше место за уште тројца Балканци – Влах од Словенија е најдобар среден бек, Мартиновиќ од Хрватска е најдобар десен бек, додека Шоштариќ од Хрватска е супер-измената на колото.

Претходна вестСДСМ: Вложуваме во здравството, нови капитални инвестиции и поголеми плати за лекарите
Следна вестДлабоко сме повредени од богохулноста и непристојното исмевање на Господ – Бигорскиот манастир бара извинување