Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Двесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде работела, била физички нападната.

– А.И.(25) од Скопје вчера пријавила дека околу 5.45 часот на Меѓународен аеродром во Скопје, каде била вработена во делот на прифаќање на патници во ТАВ, била физички нападната од Е.Н.(47) од село Дебрешта, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестФилмот „Бизнисот на задоволството“ во Венецуела
Следна вестУспешно спасени две лица заглавени во снег на планината Галичица