Филмот „Бизнисот на задоволството“ во Венецуела

Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски ја продолжува успешната фестивалска кариера. После дваесетина селекции и 5 награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на „FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival“ кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари.

Ова е трет пат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.

Бизнисот на Задоволството е поддржан од Агенцијата за Филм, а македонската публика напролет конечно ќе може да го види и во кино салите кај нас.

Претходна вестПриведено уште едно лице за упадот во М-НАВ
Следна вестЖена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје