Жена платила 300 евра за работа во странство, лажниот посредник го снемало, документи никогаш не добила

49-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена од лице кое се претставило како посредник за работа во странство. Според пријавеното тие се запознале преку мобилна апликација, по што во периодот од 14 август до 18 септември таа му уплатила вкупно 18.437 денари за обезбедување документи за работа во странство.

Таа не ги добила документите, а лицето ја прекинало комуникацијата, по што сфатила дека е измамена, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестБританија прва во светот одобри генска терапија за крвни нарушувања
Следна вестЛесно е да се потпише меморандум, ај да ве видиме да ja изградите пругата